По повод 100 годишнината ФК Беласица ќе се спои со ФК Академија Пандев

Горан Пандев со претседателот на ФК Беласица, Славчо Васков-Пинда/Фото: facebook.com/belasicafc

Во 1922 година беше формирана струмичката гордост, фудбалски клуб Беласица, еден од најстарите спортски брендови во државата.

По тој повод, на 31 јули клубот ги поканува фановите, верните љубители на фудбалот и спортот заедно да го прослават и одбележат овој голем настан. И тоа во вечерен термин под рефлектори на стадионот „Благој Истатов“ во една пријателска средба помеѓу играчите на ФК Беласица и нивните вечни ривали, ФК Брегалница.

Се најавува дека Академија Пандев ќе се спои со Беласица и ќе го препушти местото во Првата лига.

– Покрај спектаклот и забавниот дел, на овој настан ќе бидат изнесени во јавност новитети за нашата Беласица, ново лого и дресови за оваа сезона по повод 100 годишнината, нова екипа ЖФК Беласица, силни младински екипи како дел од младинската Суперлига и секако конструирање на силна Беласица и спојување со екипата на нашата легенда Горан Пандев. 100 години струмичка Беласица, бидете дел и вие – пренесува ФК Беласица.

Минатиот месец ФК Беласица ја информираше јавноста дека нов шеф на стручниот штаб е Шефки Арифовски.

Од друга страна ФК Академија Пандев промовира нови играчи, денеска како ново засилување беше претставен Давид Бошески (19), досегашниот дефанзивец на ФК Пехчево, претходно одбраната ја освежи Душан Јоковиќ, додека Марко Алчевски го продолжи договорот до 2026 година.

„Пандевци“ како второпласирани го завршија македонскиот шампионат и ова лето треба да играат во квалификациите на Лигата на конференции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот