По Мета и албанската ЦИК побара продолжување на важноста на документите за идентификација за изборите

По претседателот Илир Мета и Централната изборна комисија (ЦИК) побара од Министерството за внатрешни работи да ја продолжи важноста на документите за идентификација (пасоши и лични карти) на албанските граѓани.

Дека комисијата го побарала тоа од МВР објави на Твитер државниот комесар за избори Илиријан Челибаши.

-Со цел да се искористи правото на глас од граѓаните, чиј документ за биометриска идентификација станува неважечка на 25 април 2021 година, ЦИК побара од Министерството за внатрешни работи да ја продолжи важноста на документите за идентификација. Тоа со цел секој граѓанин да го искористи со устав загарантираното право на глас, наведува Цилибаши.

Претходно вакво барање упати претседатолот Илир Мета до премиерот Еди Рама, собранскиот спикер Грамоз Ручи и министерот за внатрешни работи, Бленди Чучи, наведувајќи дека околу 800.000 граѓани со право на глас, не ќе може да гласаат на 25 април 2021 година, бидејќи важноста на документот за нивно идентификување е истечена или истекува до денот на изборите.

Тој смета дека продолжувањето на валидноста на документите за идентификација до 30 април 2021 година е прифатливо решение и неопходна мерка која „мора да се процени и преземе без одлагање”.

Оценува дека тоа ќе придонесе за остварување на граѓанското правото на изборите, како и за зачувување на интегритетот на изборниот процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот