По Кааг, оставка си поднесе и министерката за одбрана на Холандија
Холандската министерка за одбрана Анк Бијлевелд денеска најави дека ќе поднесе оставка поради начинот на кој се справила со евакуацијата на бегалците од Авганистан минатиот месец, по сличниот потег на министерката за надворешни работи Сигрид Кааг, пренесува Политико.
Препорачано
Мнозинството пратеници вчера рекоа дека двете министерки се одговорни за бавниот одговор на владата по преземањето на талибанците и за неуспехот да се подготват за безбедно поминување на илјадници Авганистанци кои би можеле да се квалификуваат за азил во Холандија.
Бијлевелд е шеста во низата министри кои поднесуваат оставка откако во јануари скандалот со додаток за деца ја собори владата на премиерот Марк Руте.
Владата оттогаш е со привремен статус, бидејќи напорите на Руте и Кааг да формираат нова влада застанаа по општите избори пред шест месеци.
Кааг поднесе оставка веднаш откако пратениците го прифатија предлогот со кој се критикува владата за неуспехот во евакуација на некои Авганистанци и за тоа што не уведла однапред дека талибанците би можеле да ја преземат власта многу брзо.
„Според моето сфаќање за демократијата и нашата традиција на владеење, министерот мора да си замине ако неговата политика доживеала осуда. Затоа, ќе поднесам оставка од функцијата министер за надворешни работи”, наведе Кааг.
Џонсон под притисок, Доминик Раб повеќе не е министер за надворешни работи


