Холандската министерка за надворешни работи си поднесе оставка по критиките за евакуацијата од Кабул
Холандската министерка за надворешни работи Сигрид Каг денеска си поднесе оставка по критиките од пратениците кои ја сметаат за одговорна поради хаотичната евакуација од Авганистан, пренесува НЛ Тајмс.
Препорачано
“Претставничкиот дом смета дека владата постапила неодговорно. Единствено што можам да прифатам се последиците од таа проценка како министер со крајна одговорност”, рече таа во говорот во парламентот.
Пратениците го прифатија предлогот, кој ја критикуваше владата за неуспехот во евакуација на некои Авганистанци и дека не предвидела дека талибанците би можеле многу брзо да ја преземат власта.
“Според моето разбирање за демократијата и нашата традиција на владеење, министерката мора да си замине ако нејзината политика е осудена. Затоа, јас ќе поднесам оставка во чест на неговата височеност (кралот Вилем-Александар),од функцијата министер за надворешни работи”, рече таа.
Кааг беше вршител на должноста министерка за надворешни работи од мај. По изборите во март, се уште не е формирана нова коалициска влада. Уште не е јасно какви политички последици ќе има ова врз формирањето на владата.
Џонсон под притисок, Доминик Раб повеќе не е министер за надворешни работи


