По еден век финиш во Париз, Тур де Франс во 2024 година ќе финишира во Ница

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Промената на вековната традиција е „изнудена“ од Летните олимписки игри во Париз. Имено, престолнината на Франција ќе се подготвува за Игрите во време на финишот на Тур де Франс

Последната етапа на Тур де Франс, која традиционално се одржува на Елисејските полиња во Париз, ќе биде преместена во Ница во 2024 година, кога главниот град на Франција е домаќин на Олимпијадата.

Финалето на најголемата велосипедска трка не е поместено во последните 100 години, но изданието во 2024 година ќе се одржи додека Париз се подготвува да биде домаќин на Летните олимписки игри, кои започнуваат само неколку дена по завршувањето на најпознатата велосипедска трка.

Булеварот „Шанзелизе“ во главниот град на Франција треба да се трансформира во место за Олимпијада.

Директорот на Тур де Франс, Кристијан Прудом, исто така, рече дека последната етапа ќе биде на хронометар, што не се случило повеќе од 30 години.

Во 2020 година, кога Ница беше домаќин на воведната етапа на Тур, се случи несреќа при силен дожд на три километри од целта, во која тешко беше повреден францускиот возач Тибо Пино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот