По еден месец Делчево денеска без ниту еден новозаболен од Ковид-19

Јуни 2020, Скопје / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Надлежните од Здравствен дом Делчево информираат дека по 14 август 2020 година, кога се појави првиот позитивен случај на Ковид-19, ова е прв пат да нема нови случаи на позитивни на коронавирус на дневна основа во Делчево.

– Долго време бевме општина каде имаше пораст на новозаболените од коронавирус, на моменти бевме и втори на листата веднаш зад Скопје. Денешниот биланс е добра вест за граѓаните и за целиот регион, но нема опуштање, имавме викенд и намален број тестирања, така што останува да почекаме да видиме дали работите ќе продолжат во добар правец – истакнуваат надлежните.

Тие додаваат дека сè уште има необработени тестови на лица кои се тестирале што значи дека допрва ќе следуваат резултати од тие тестови. Денес освен во Делчево, добра епидемиолошка слика кога е ковид-19 во прашање има и во соседните општини М. Каменица, Берово и Пехчево каде исто така нема нови заболени од коронавирус.

Во моментот бројот на активни случаи со Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион изнесува 138 лица кои се позитивни на вирусот од кои најголем дел се асимптоматски случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот