Аријана Гранде - Фото: Инстаграм/arianagrande

По двегодишна музичка пауза, Аријана Гранде се враќа со нов албум и открива шокантни информации за претстојната турнеја

Светската поп-ѕвезда Аријана Гранде официјално го потврди своето враќање на музичката сцена. По неколкунеделните мстериозни објави, 32-годишната пејачка го откри името на својот нов албум, датумот на објавување и првите промотивни фотографии, пишува “Дејли мејл“.

 

Новиот студиски албум на Аријана насловен „Petal“ ќе биде објавен на 31 јули. Пејачката на својот Инстаграм профил сподели црно-бела фотографија на која позира со насмевка, со краток опис: „petal 7.31“.

За визуелниот идентитет на овој проект, Гранде повторно соработува со креативната директорка Катија Темкин, која е задолжена за комплетниот дизајн, фонтот и пакувањето на физичките изданија на албумот.

Аријана Гранде – Фото: Инстаграм/arianagrande

Иако фановите се возбудени за новата музика, Аријана ги шокираше сите со најавата дека претстојната турнеја, која започнува во јуни, најверојатно ќе биде нејзината последна големото меѓународно патување.

„Многу сум возбудена за оваа турнеја, но мислам дека тоа нема да се повтори долго, долго, долго време. Сакам да дадам сè од себе и ова да биде последен поздрав за сега“, изјави таа во поткастот на Ејми Полер.

Пејачката објасни дека поп-кариерата целосно ѝ го „презела“ животот и дека сега сака да им даде приоритет на своите други пасии, како што се мјузиклот и комедијата.

Од „Злобница“ до нови филмски улоги

По огромниот успех на филмската адаптација на „Злобница“, каде ја играше Глинда, Аријана планира повеќе да му се посвети на Холивуд.

Таа веќе ја потврди својата следна улога во комедијата „Focker-In-Law“, дел од познатата франшиза „Meet the Parents“, каде ќе глуми покрај легендите Бен Стилер и Роберт Де Ниро.

Турнејата на Аријана Гранде ќе започне во САД и Канада, а ќе заврши со дури 10 последователни концерти во „О2 Арената“ во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот