По долги години молчење, Никол Кидман проговори за нејзиниот неуспешен брак со Том Круз

Иако досега не сакаше да зборува за нејзиниот неуспешен брак со холивудската sвезда Том Круз, нешто се промени, бидејќи, очигледно без повод, Никол Кидман реши да зборува за нивниот брак во последното интервју.

Фотографија – Профимедиа

Во интервју за Њујорк Тајмс, 53-годишната Австралијка Никол Кидман призна дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз во времето кога ја снимале еротската драма на Стенли Кјубрик -„Очи широко затворени“, во која глумат и брачна двојка која се соочува со неверство, имале идеален брак.

Фотографија – Профимедиа

Филмот се појави во 1999 година, а набргу потоа, Кидман и Круз поднесоа барање за развод, па многумина заклучија дека токму хитот на Кјубрик им донесе проблеми во бракот. На прашањето дали се чувствувала лошо при снимањето на некои сцени во филмот и дали тоа влијаело на нејзиниот однос со нејзиниот тогашен сопруг, Никол Кидман рече: „По снимањето на тие сцени, одевме на картинг. Ја изнајмувавме целата тркачка патека само за нас и ќе се натпреварувавме до 3 часот наутро. Не знам што друго да кажам. Можеби немам можност да погледнам наназад и да ја анализам нашата врска. Или едноставно не сакам“ .

Фотографија – Профимедиа

Никол Кидман и Том Круз се разведоа во 2001 година, а за време на бракот посвоија две деца – синот Конор и ќерката Изабела. Sвездата на серијата „Мали лаги“ се сети и на соработката со режисерот Стенли Кјубрик, кој починал кратко по завршувањето на снимањето.

„Ние сакавме да работиме со него. Тој филм го снимавме две години. Имавме две деца и живеевме во камп приколка, главно јадејќи шпагети, кои Стенли често ги јадеше со нас. Работевме со најголемиот режисер и учевме за животот и како да уживаме во него во тие снимања“, се присети Никол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот