По Де Јонг уште еден играч на Барселона не помислува да го напушти „Камп Ноу“
Иако тренерот на Барселона, Чави Ернандез јасно му стави до знаење дека повеќе нема да смета на него, данскиот фудбалер Мартин Брејтвејт не сака да си замине од „Камп Ноу“.
Препорачано
Чави уште кон крајот на минатата сезона му порача на Брајтвајт дека нема да има место за него идната сезона и згора на тоа не го зеде на подготовките во САД, но Брајтвајт не помислува да си замине.
Каталонските медиуми шпекулираат дека една од причините зошто данскиот репрезентативец одбива да ја напушти Барселона е поради тоа што има сопствен приватен бизнис надвор од фудбалот вреден 212 милиони евра, а бидејќи каталонскиот тим е глобален бренд и тој како негов член има далеку подобри можности за проширување на бизнисот.
Освен Брајтвајт, и холандскиот репрезентативец Френки де Јонг нема намера да си оди од Барселона иако Чави Ернандез исто така му рече дека мора да биде продаден бидејќи не смета на него, а клубот може добро да заработи на неговиот трансфер.
Инаки, сериозен интерес за Брајтвајт пројавија екипите на Рајо Ваљекано и Ајакс, но фудбалерот одбил да се замине од Барселона.


