По Адел уште една моќна Вог насловна овој октомври: Лила Мос е модната ѕвезда во подем
Лила Мос продолжува да ги следи стапките на својата мајка Кејт Мос, а следен моден чекор ѝ е новата октомвриска насловна на Вог Хонг Конг.
Вог го понесува модниот свет овој октомври. По најавата за двојното појавување на Адел на британскиот и американскиот Вог, следи и Вог Хонг Конг кој не изостанува со добра приказна и фантастична фотосесија – овој пат со Лила Мос, која е актуелно лице кое го преврте модниот свет.
View this post on Instagram
Манекенката во подем зрачи со својата самодоверба додека позира во парчиња на Фенди, Ив Сен Лоран, Гучи, Вивиен Вествуд, „Moschino“, „Courrèges“, Том Форд, „Schiaparelli“, „Jacquemus“…
На една од насловните Лила носи јакна, шорцеви и чизми до колена во препознатливиот везен принт на „Gucci“, а на нејзиното споделување со објава на нејзиниот инстаграм-профил Лила доби пофални коментари од модни лица како Марк Џејкобс и Амбер Валета.
View this post on Instagram
Предимензионирани платформа чизми на „GCDS“, мини здолниште обрабено со пердуви и розово леотард боди беа само еден од изгледите кои се појавуваат во изданието на Вог.
View this post on Instagram
19-годишната Лила своето прво појавување на насловна го имаше минатата година, кога се појави на насловната на италијанскиот Вог.
View this post on Instagram
Нејзината мајка пак, која сè уште плива во манекенските води, ја имаше својата прва насловна на своја 24-годишна возраст во 1998 година, со појавувањето на насловната на британскиот Вог.
Интересно е што Лила беше забележана од скаут на 14-годишна возраст, на иста возраст кога беше забележана и нејзината мајка.
View this post on Instagram
Лила неодамна беше забележана и пофалена од интернет публиката откако зачекори на пистата на заедничката ревија на Фенди и Версаче на миланската модна недела минатиот месец, очигледно носејќи ја својата пумпа за инсулин на својот разголен колк додека носеше костум за капење.
View this post on Instagram
View this post on Instagram