По 2 часа хаос мрежата на А1 се стабилизира

Илустративна фотографија

Откако мрежата на операторот А1 имаше проблеми речиси 2 часа, при што корисниците на Телеком не можеа да се јавуваат од мрежата на Телеком кон мрежата на А1, изгледа дека ситуацијата е вратена во нормала.

Мрежата на А1 се стабилизира, па така корисниците повторно можат да остварат повици.

Претходно, корисници на мрежата на А1 до нашата редакција се јавија со поплака дека од нивната мрежа можат да остваруваат појдовни, но засега не добиваат дојдовни повици.

Од А1 рекоа дека станувало збор за глобален технички проблем со мобилните оператори, како и дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот