Глобален технички проблем ја сруши мобилната мрежа на А1

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Корисниците на Телеком изминатиот час не можат да се јавуваат од мрежата на Телеком кон мрежата на А1.

Од компанијата за „Слободен печат“ велат дека проблемот е во дојдовните повици, односно не може да се оствари контакт со корисниците кои се на операторот А1, каде според нив е и дефектот.

Инаку, од броевите на Телеком кон истата компанија најнормално се одвива телефонскиот сообраќај.

Корисници на мрежата на А1 до нашата редакција се јавија со поплака дека од нивната мрежа можат да остваруваат појдовни, но засега не добиваат дојдовни повици.

Од А1 рекоа дека во моментов се соочуваат со глобален технички проблем со мобилните оператори, како и дека нивните екипи се на терен и работат на отстранување на проблемот.

Фото: Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот