Плутон по 225 години влезе во Водолија и за овие четири хороскопски знаци ќе донесе драматични промени

Фото: Flickr

Иако Плутон е преименуван од планета во џуџеста планета, интензитетот на влијанието во астролошка смисла нема никаква врска со нејзината големина. Ако сте еден од хороскопските знаци кои најверојатно ќе бидат под влијание на Плутон, тогаш подгответе се за еден од транзитите којшто навистина има моќ да ви го промени животот од корен.

Иако Плутон е планета на смртта и повторното раѓање, неговото влијание е главно неутрално, а не нужно негативно или позитивно. Смртта и повторното раѓање може да значат многу нешта како давање и земање, почеток и запирање, почеток и крај на нешто… Токму кога ќе помислите дека знаете сè што треба да знаете, Плутон ќе ги извади сите тајни од сенките на површината, покажувајќи ви сѐ што не сте знаеле досега, а можеби е и штетно за вас.

Плутон е генерациска планета која ги обликува поголемите трендови на човештвото; на пример, милениумците се родиле додека Плутон бил во Скорпија, а генерацијата Z (Зет) дошла на свет кога Плутон бил во Стрелец. Кога Плутон ќе влезе во Водолија, тоа ќе го инспирира општеството на иновации, но исто така ќе создаде и атмосфера каде што фокусот ќе биде на заедништвото. Бидејќи ова е првпат Плутон да влезе во нов хороскопски знак уште од 2008 година, оваа промена ќе се совпадне со револуционерните потези кои нѐводат кон иднината, а дали таа ќе биде подобра или полоша зависи целосно од нас.

Плутон влезе во Водолија на 23 март, а тоа е транзит кој постепено ќе се обликува во следните 20 години. Плутон ќе биде ретрограден од 1 мај и ќе се врати во Јарец на 11 јуни, но повторно ќе влезе во Водолија на 20 јануари 2024 година. Ретроградноста не завршува тука – повторно се враќа во Јарец на 1 септември 2024 година, пред конечно да се врати во Водолија на 19 ноември 2024 година. Плутон во Водолија ќе го заврши својот транзит за две децении и ќе влезе во Риби во 2043 година. Инаку, ова е транзит кој буквално се случува еднаш во животот, односно еднаш во неколку генерации, со оглед на тоа дека последен пат Плутон бил во Водолија од 1778 до 1798 година, поточно пред 225 години.

Овие четири знаци од Зодијакот најмногу ќе го почувствуваат влијанието на Плутон во Водолија:

Бик

Плутон во Водолија ќе ви ја разниша кариерата и репутација. Додека Плутон ги поминува следните 20 години осветлувајќи ја вашата 10-та куќа, куќата на јавниот углед, сосема е можно да се откажете од зацртаните, очекувани патишта во кариерата и да започнете да исплонувате некои поинакви соништа. Кога ќе започне овој транзит, може да доживеете одредени неуспеси или да се откажете од некои стандарди што сте ги поставиле себеси. На крајот на краиштата, Плутон уништува пред нешто да создаде, и за да ве доведе во најдобра можна позиција за да успеете, можеби ќе треба да се збогувате со сè што некогаш сте знаеле. Можеби звучи застрашувачки, но исто така е многу посебно. Плутон може да ве доведе до големо богатство, моќ и слава доколку сте спремни да прифатите поинаков пристап кон вашата кариера. Во следните две децении, ќе ги видите сите можности што ги донел Плутон за вас, за да ве прослави и да ве стави на врвот.

Лав

Вашите односи ќе бидат ставени под лупа. Во текот на следните 20 години, Плутон ќе ве принуди да се позанимавате  со настаните и ситуациите од минатото кои можеби сте ги турнале под тепих, особено ако тие ве спречувале да негувате силно, здраво партнерство. Може да очекувате и големи подеми и падови во вашиот љубовен живот, а тоа важи дури и за минливи афери, но тоа не е нужно лоша работа. Подготвени сте да се соочите со вистинското лице на вашите емотивни партнери, но и на блиските пријатели и сите други луѓе кои поминуваат низ вашиот живот. Во текот на овој транзит, ќе се покаже кои се вашите вистински пријатели и сојузници, а кои се вашите непријатели и оние кои не ве сакаат. Кога Плутон во Водолија ќе заврши во далечната 2043 година, можеби конечно ќе бидете емотивно стабилни и многу зрели, и ќе се чувствувате многу посигурни во вашите врски, знаејќи дека сте поминале две децении негувајќи ги само оние врски и односи кои се важни, а ќе заминете од врските кои не се вистински и добри. Исто така, овој транзит може да ви донесе некои богати, влијателни партнери.

Скорпија

Подгответе се за голема промена, бидејќи Плутон во Водолија е тука да ги осветли заборавените делови од вашиот личен живот, за кои со години се трудевте да не размислувате. Овој транзит ќе ве принуди да се справите со дел од семејната драма или некој конфликт поврзан со вашите емотивни корени. Плутон е планета која се трансформира, но со цел овој транзит да ви помогне да создадете семејна динамика и домашна атмосфера што ќе ве задоволи и ќе го поддржува вашиот развој, можеби ќе треба да ги поминете следните 20 години ослободувајќи се од некои лоши навики што ги носите од вашето семејство и да поработите на исцелување од детските трауми. Ова звучи многу тешко и на многу начини е, но исто така вреди да се вложи труд и време. Само вие одлучувате како треба да изгледа вашиот дом и вашиот личен живот и не е потребно вашите роднини или пријатели да се согласуваат во врска со тоа. Дозволете Плутон во Водолија да ја промени вашата перспектива за домот, бидејќи домот е местото каде што е срцето. Постои можност во следните две децении да наследите пари од роднините.

Водолија

Кога ќе заврши Плутон во Водолија, може да се чувствувате како сосема друга личност! Самите себе ќе си бидете непрепознатливи. Наскоро ќе доживеете нешто што многумина од нас никогаш нема да го доживеат во текот на својот живот. Во текот на следните 20 години, Плутон целосно ќе ја промени вашата прва куќа, со што ќе се чувствувате посилни, помоќни и поподготвени од кога било да му покажете на светот кои сте вие навистина. Меѓутоа, за да поминете низ оваа метаморфоза, можеби ќе треба да прежалите кои сте биле или сте мислеле дека сте и да се збогувате со животот којшто мислевте дека ќе го имате. Ова ќе биде процес и сигурно нема да се случи преку ноќ, но промената е подеднакво возбудлива и важна колку што е и застрашувачка. Ако некој ќе го промени светот околу себе во следните две децении, тоа сте вие! Сите се подготвени да ги следат вашите идеи, вашето водство!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот