Плевнелиев ги поддржа официјалните позиции на Софија: Само со почитување на правата на Бугарите, Северна Македонија може во ЕУ

Росен Плевнелиев
Росен Плевнелиев / Фото: Архива на „Слободен печат“

Членството на Северна Македонија во ЕУ е можно само ако се спроведат реформи и се почитуваат европските вредности, изјави во интервју за БГНЕС поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, наведувајќи ги како клучни почитувањата на правата на Бугарите во земјата, откажувањето од говорот на омраза и владеење на правото кое подразбира почитување на Договорот за добрососедство.

„Чест е за сите генерации бугарски политичари, како и за денешните, да успеат да го одржат консензусот. Зад овој консензус стои бугарското општество. Обединети сме во фактот дека вистината за историјата и европските вредности мора да бидат во срцето на решението и само тогаш решението ќе биде одржливо, вели Плевнелиев.

Тој им порачува на македонските власти да не притискаат и да не лобираат, бидејќи „нема да постигнат ништо“. Според него, ќе се промени нешто само со реформи кои докажуваат дека европските вредности се применуваат и спроведуваат од општеството и владејачката партија во земјата.

„Драги пријатели и владетели во Скопје, правете го што го прави Албанија и никој нема да ве кочи. На децата во Република Северна Македонија им ги должите одговорите за историјата, за комунистичкиот режим, за идеологијата и учебниците. Започнете со реформите. Ова ќе ви се исплати, не само затоа што ќе нема кој да ве кочи туку и затоа што многу побрзо ќе напредувате во евроинтеграциите. Оние што се вооружуваат со европските вредности брзо напредуваат. Ова е нашиот совет до вас и ние сме подготвени да ви помогнеме“, додаде бугарскиот експретседател.

„Имаме проблем со овие вредности. И тука Бугарија е адвокат и бранител на овие вредности. Сакаме да им помогнеме на властите во Скопје да го сфатат проблемот. Одлуките не се тешки. Мора да го правите тоа што се направи во Албанија. Ако го направите тоа, нема кој да ве спречи на патот на евроинтеграциите“,

Плевнелиев во интервјуто ги наведува и најважните работи кои властите во Скопје мора да ги направат ако навистина сакаат да започнат преговори со ЕУ.

„1. Европското владеење е владеење на правото, но Договорот потпишан помеѓу властите на Бугарија и Република Северна Македонија не се почитува. Ова е кршење на владеење на правото. Да се придржуваме до овој договор, инаку нема начин Бугарија да даде зелено светло;

2. Европските права се права на сите граѓани во едно општество. Но, денес Бугарија во Република Северна Македонија ги немаат истите права како Србите, Албанците, Турците, Власите и другите.Дајте им права на оние граѓани кои се идентификуваат како Бугари, како Срби или други националности. Дискриминацијата не е европска вредност и нема место во ЕУ;

3. Откажување од говорот на омраза. Сѐ уште гледаме говор на омраза насекаде, вклучително и во државните медиуми, во учебниците од кои учат младите. Ние го сакаме токму спротивното. Сакаме да нема ограничување младите да одат на скијање заедно во Банско и во ресторан во Охрид. Младите не можат да бидат први пријатели и браќа ако во учебниците во Република Северна Македонија пишува дека Бугарите се Татари и фашисти“, вели Плевнелиев.

Видео на денот