Пленковиќ и Колинда биле на тенискиот турнир во Задар каде тенисерот Димитров бил позитивен на коронавирусот

Фото: EPA/ANTONIO BAT

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур” во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус.

Во Задар, Пленковиќ поздрави неколку тенисери, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои биле во директен контакт со заразениот Димитров, а како што пренесува порталот „Индекс”, хрватскиот премиер не бил на пропишаното растојание.

Димитров се дружеше со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број на деца како дел од Денот на децата, јавија хрватски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот