„Плејбој“ ја „шутна“ порно-актерката Миа Калифа поради поддршка на Хамас

миа калифа
ФОТО: Инстаграм

Поранешната порно-ѕвезда Миа Калифа предизвика бурна реакција на интернет, откако гласно го поддржа терористичкиот напад на Хамас во кој загинаа стотици луѓе. Калифа постојано го поддржуваше терористичкиот напад на групата, споделувајќи објави на нејзиниот профил на Икс (поранешен Твитер), каде ги повикуваше терористите на Хамас да снимаат хоризонтално за да може подобро да го набљудува масакрот.

 


Откако нејзините профили на социјалните мрежи покажаа поддршка за палестинската милитантна организација Хамас, во кои дури и се потсмеваше на жртвите на масакрот, Миа Калифа е отпуштена од онлајн магазинот „Плејбој“, пишува „Њујорк пост“.

„Ве известуваме за нашата одлука да ја прекинеме соработката помеѓу ‘Плејбој’ и Миа Калифа, вклучително и бришењето на нејзиниот канал на нашата платформа“, се вели во билтенот до претплатниците на онлајн магазинот.

Во пораката се наведува и дека „Плејбој“ поттикнува слободно изразување и конструктивна политичка дебата, но има политика на нулта толеранција за говорот на омраза, пишува порталот „Бизнис тудеј“.

Фото: Принтскрин/Твитер

Во објава на нејзиниот профил на мрежата Икс, Калифа ги повика борците на Хамас „да ги свртат телефоните и да ги снимаат егзекуциите хоризонтално“.

„Ако можете да ја погледнете ситуацијата и да не бидете на страната на Палестина, тогаш сте на погрешната страна на апартхејдот и историјата ќе покаже со текот на времето“, напиша таа во друга објава.

Покрај „Плејбој“, Калифа е отпуштена и од канадскиот подкаст што го водеше со водителот Тодом Шапиро.

ФОТО | Поранешната порно-актерка го поддржа вооружениот напад во Израел: Се пошегува за масакрот на невини луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот