фонтана ди треви фото: принскрин/видео

„Платете и насмевнете се“ – туристите во Рим за првпат купуваат влезници на влезот од Фонтаната ди Треви

Фонтаната ди Треви, еден од најпрепознатливите симболи на Рим и ремек-дело на барокната архитектура, привлекува илјадници туристи секој ден. Градот Рим од денеска ја воведе најавената влезница од две евра за пристап до познатата фонтана, која досега беше бесплатна за посетителите, пишува Би-би-си.

Оваа такса има за цел да го контролира бројот на туристи и да обезбеди пари за скапото одржување на споменикот изграден во 18-тиот век.

Некои туристи ја поздравија мерката, надевајќи се дека ќе ги намали гужвите и ќе го подобри севкупното доживување.

Сепак, еден скептичен турист од Сицилија е помирен со тоа што мора да „плаќа и да се насмевнува“ за да ја види прочуената италијанска знаменитост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот