Плата од шест милиони евра, Ибрахимовиќ останува во Милан

epa08579719 Milan's Zlatan Ibrahimovic celebrates after scoring the 2-0 goal during the Italian Serie A soccer match AC Milan vs Cagliari Calcio at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 01 August 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Шведската ѕвезда и натаму ќе ги брани боите на „росонерите“, според „Гаѕета дело Спорт“ ќе има загарантирана плата од шест милиони евра.

Златан Ибрахимовиќ кој на 3 октомври ќе наполни 39 години, ќе има и одредени бонуси, 500.000 за освојување на Лига Европа, пола милион за пласман во Лигата на шампионите, како и паричен додаток за број на голови.

Од јануари по вторпат во својата кариера е во дресот на Милан, после американската авантура со екипата на Лос Анџелес Галакси. На 18 натпревари во Серија А постигна 10 голов и уште еден на два натпревари во италијанскиот Куп.

Да додадеме уште дека досегашниот играч на Хамарби (сопственик е Ибра), 17-годишниот напаѓач Емил Робак за 1.5 милион евра го засили клубот од „Сан Сиро“, поточно младинскиот тим.

Запиша пет настапи за У17 селекцијата на Шведска, воедно овој фудбалер се поврзуваше и со трансфер во Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот