Пластичните хирурзи тријат раце – Светските ѕвезди збудалеа по третманите за подмладување за време на пандемијата

Фото: Профимедиа

Американските пластични хирурзи имаат полни раце работа, без оглед на пандемијата. Многу ѕвезди се одлучуваат токму сега на третмани за подмалдување и затегнување, затоа што имаат време да се опорават после третманот. Сега кога снимањата масовно се откажани, раните и лузните од третманите полесно се лекуваат, тврдат екстерските хирурзи.

Звучи неверојатно, но е вистинито – пандемијата на коронавирусот и карантинот на некои познати лица им дојде како божиќните празници – изјави пластичниот хирург, др Тери Дубаров за порталот „TMZ“.

– Не викаат постојано, особено од Беверли Хилс, ѕвездите и оние кои имаат повеќе пари. Многу од нив сакаат фејслифтинг додека не снимаат филмови со цел да можат да закрепнат и никој да не го открие тоа, изјави естетскиот хирург.

Дуборов додаде дека на ѕвездите кои го бараат им порачува „да бидат паметни“ и дека можеби е попаметно да се одлучат за третманите со ботокс или хијалуронски филери наместо фејслифтинг.

Фото: Профимедиа

Тој ги предупредува дека доколку се одлучај за разубавување, мораат да внимаваат да немаат покачена температура или други симптоми од болеста која дивее во светот, како и дека не смеат да бидат во контакт со никој кој неодамна патувал.

Освен овие третмани по кои лудуваат познатите лица, тука е и неизоставниот „вампирски фејслифтинг“ кој го прослави риалити ѕвездата Ким Кардашијан.

Станува збор за неинванзивен третман, без скалпел, во кој на пациентот му се вади крв, па со посебна центрифуга се двои крвната плазма која е полна со матични клетки. Крвната плазма потоа се става во лицето, деколтето и вратот, како и на рацете со помош на тенки иглички, како при тетовирање.

Човековата плазма содржи протеини кои го стимулираат и забрзуваат процесот за обнова на ткивата. Истиот процес воедно ја регенерира кожата и ги пегла брчките испуштајќи колаген во третирано подрачје. Потребни се три третмани на секој месец со цел ефектот на лифтингот да би траел една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот