Планот за реформа на НАТО е подготвен, една година по дијагнозата на Макрон дека Алијансата е во „мозочна смрт”

Virtual press conference by NATO Secretary General Jens Stoltenberg following the meeting of the North Atlantic Council in Defence Ministers’ session via teleconference

Една година откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека НАТО е во „мозочна смрт”, експертска група предложи серија реформи за заживување на Алијансата, јави ДПА.

Извештајот беше пренесен до 30-те земји-членки. Дава предлози како што е поблиска соработка преку повеќе состаноци на министрите за надворешни работи или додавање на нови видови состаноци во распоредот на Алијансата, на пример на министрите за внатрешни работи за дискутирање на тероризмот.

Експертите препорачуваат и забрзување на одговорот на земјите на политички појавени безбедносни закани или меѓународни кризи.

Во моментов, на земјите-членки кои имаат обврска за колективна одбрана во случај на напад врз некоја од нив, понекогаш им требаат неколку дена да дадат заедничка изјава, забележува ДПА.

Извештајот содржи околу 140 специфични препораки. Ќе се дискутира на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што започнува во вторник.

Извор;МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот