ПК Скопје најдобар со 59 медали на меѓународниот пливачки турнир „Скопје Опен 2022“

Девет држави учествуваа на меѓународниот пливачки турнир „Скопје Опен 2022“/фото: facebook.com/pkskopje

Изминатиот викенд, на 19 и 20 ноември, ПК Скопје прослави јубилејно петто Отворено Првенство на Град Скопје – меѓународен натпревар „Скопје Опен 2022“ и 20 години постоење пливачкиот клуб Скопје.

На натпреварот учествуваа 315 пливачи, односно 37 клуба од девет држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Италија, Молдавија, Албанија и Косово.

ПК Скопје беше најдобар со 59 медали од кои 25 златни, 15 сребрени и 19 бронзени. Повеќе информации околу турнирот можете да погледнете ТУКА

фото: facebook.com/pkskopje

Исто така беа поставени и три нови државни рекорди на Македонија во сопственост на:

1. Сара Јанковиќ (ПК СКОПЈЕ) 1500м слободно(17:13.23)13-14г
2. Димитар Бошнаков (ПК СКОПЈЕ)200м слободно (1:56.45)13-14г
3. Сара Јанковиќ (ПК СКОПЈЕ) 400м мешано (5:05.00) 13-14г

Пехарите за најдобри пливачи по категории се во припадност на:

1. АПСОЛУТНА
– Сара Јанковиќ (ПК Скопје)
– Лука Сернањото (Монтебелуна Нуото)
2. 2004-2007г
– Лена Стоиљковски (Пролетер)
– Никола Колтин (Спартак)
3. 2008-2009г
– Сара Јанковиќ (ПК Скопје)
– Димитар Бошнаков (ПК Скопје)
4. 2010-2011г
– Арла Дермиши (Те Стела)
– Никола Велковски (Вардар)
5. 2012 и помлади
– Јана Јовановиќ (Лике Ликовац)
– Славиша Митиќ (Свети Никола)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот