Пјаниќ нов играч на Барса, откупна клаузула од 400 милиони евра

фото: твитер

Фудбалскиот клуб на Барселона потврди дека постигна договор со Јувентус за трансфер на Миралем Пјаниќ.

Каталонската екипа за овој трансфер на Босанецот ќе плати 60 милиони евра, плус пет милиони како бонуси.

Пјаниќ (30) ќе потпише договор со тимот од „Камп Ноу“ за наредните четири сезони, до крајот на натпреварувачката сезона 2023/24 и во договорот ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.

До крајот на сезоната 2019/20 ќе остане во Јувентус со кој успеа досега трипати да ја освои Серија А.

Како што е веќе објавено, Артур од Барса официјално се пресели во редовите на Јувентус и така е комплетирана размената на играчи помеѓу двата врвни клуба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот