Барса потврди, Артур за 72 милиони евра во Јувентус

фото: твитер

И официјално 23-годишниот бразилски играч од средниот ред ќе се пресели во редовите на „Старата дама“.

Оваа информација денеска ја потврди досегашниот клуб на Артур Мело, Барселона која ја информираше јавноста дека Бразилецот за 72 милиони евра плус 10 милиони како одредени бонуси ќе го облече дресот на Јувентус.

Артур за Барса одигра 72 натпревари, на „Камп Ноу“ дојде од Гремио во летото 2018 година за 31+9 милиони евра. Тој ќе остане во Барселона до крајот на натпреварувачката сезона 2019/20.

Како што веќе се најавува, босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ, кој досега беше дел од Јуве, се очекува наскоро да биде промовиран како нов играч на каталонскиот клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот