Пиши – бриши на Википедија: Бугарите експресно ги менуваат биографиите на македонските преродбеници
Бугарските ботови забрзано работат периодов менувајќи на интернет се` што е македонско во бугарско. Имено по вчерашната објава на „Слободен печат“ во кој на денот кога Кирил Пејчиновиќ беше прогласен за светец на англиската верзија на интернет енциклопедијата Википедија му беше сменет неговиот опис во тоа дека тој е Бугарин, денеска продолжуваат атаците и насилното менување на македонската историја на Интернет.
Ако се погледне во „историјата“ на промените на страницата посветена на Пејчиновиќ може да се забележи засилено менување на податоците од минута во минута, меѓу двајца уредувачи на популарната онлајн енциклопедија Википедија.
Мета на бугарските провокатори денес е просветителот Јоаким Крчовски, светите браќа Кирил и Методиј но и редица други личности од македонската историја и култура.
Во информациите објавени од страна на бугарските интернет ботови на англиската верзија на Википедија која сега е насилно изменета слично како и кај Пејчиновиќ, за Крчовски стои дека тој е бугарски свештеник, учител и основоположник на модерната Бугарија. Според Википедија тој е една од историските личности кои низ времето се занимавале со промовирање и на раната бугарска ренесанса.
Слично како и за Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски и светите браќа Кирил и Методиј се мета на новите напади од страна на бугарските ботови. Па така за македонските просветители стои едноставно дека се тие Бугари.
Анализирајќи ги случувањата со бугаризацијата на се` она што е македонско кои ја вознемируваат јавноста историчарот Александар Литовски за „Слободен Печат“ вели дека сето тоа е дел од бугарската пропагандна машинерија.
– Дефинитвно се рабоити за долгорочна бугарска стратегтија, се` што е македонско да се прави бугарско. Тоа не е од сега, туку тоа е пракса која се врши со години наназад од страна на бугарска држава. Таа отворено финансира книги, весници и бесплатно дели списанија во кои македонското се праи во бугарско. Сега, тоа пак е видливо бидејќи тоа се одвива на Интернет и брзината на информациите кои се достапни јавно на глобалната мрежа прави овие содржини да се лесно достапни со таква содржина за сите оние кои сакаат да се информираат за нив – вели Литовски.
Според историчарот Литовски македонската држава и институциите надлежни да ја сопрат оваа пропаганда со години ништо не превземаат
– Прашањето е што државата прави за да се спречат овие антимакедонски политики кои се спротивни на на државните интереси. Треба институциите да реагираат адекватно за овие случувања да се сопрат или во најмала рака да се превенираат – посочува Литовски.
Ковачевски: Со македонски идентитет веќе преговараме во ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски денеска се осврна на изјавите на одредени бугарски историчари, дека македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ бил Бугарин, а по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ во Лешочкиот манастир, нагласувајќи дека историчарите треба да се занимаваат со историјата, а политичарите ќе се занимаваат со политиката.
– Јас присуствував на вечерната богослужба по повод канонизацијата на Кирил Пејчиновиќ и тоа беше еден исклучително свечен свет настан на којшто присуствуваа голем број на граѓани во Лешочкиот манастир. Таму имаше граѓани од повеќе делови на државата, имаше граѓани од различна политичка провиниенција бидејќи бев и јас, меѓутоа и претставници на политички партии, четири владици… И тоа беше чин со којшто ние го негуваме нашето и духовно и културно наследство македонско. Тоа што некој сака да провоцира тоа е негов проблем. Ние точно знаеме што е нашата историја. Ние точно знаеме што е нашата култура. Ние точно знаеме што е нашиот македонски јазик сега веќе признат во целата Европска Унија. Во тоа наскоро ќе се уверат сите граѓани кога ќе го потпишеме договорот Фронтекс со ЕУ и со македонски идентитет веќе преговараме со ЕУ, нагласи Ковачевски.
Тој повтори дека комуникацијата помеѓу државите се одвива на официјално ниво помеѓу претставници на институциите, значи луѓе од политиката, меѓутоа, вели, „секогаш постојат и други интереси, други личности кои сакаат да ги нарушат односите помеѓу две држави и обично со свои изјави предизвикуваат негативни чувства, предизвикуваат нешто што вие го нарекувате и јас го нарекувам провокација”.
-Треба да бидеме смирени, бидејќи имаме многу јасна преговарачка рамка со ЕУ каде што историските прашања за коишто сега ме прашавте се дел од работата на историската комисија во која што има 14 историчари по седум од двете страни и тие историчари заедно со консензус мора да ги донесат сите решенија. Значи, не може без кој било од тие историчари што се во комисијата да се донесе кое било решение и јас на историчарите им препорачувам тие да се занимаваат со историјата, политичарите ќе се занимаваат со политиката и на тој начин ќе имаме и добри добрососедски односи и побрз напредок на државата во полноправно членство во ЕУ, истакна тој.
Вели дека не може да зборува во името на официјална Софија, туку само во име на официјална Северна Македонија и официјално во име на нашата Влада.
-Вие гледате дека ние имаме многу јасен став по однос на сите прашања коишто може да се сметаат за провокација и секогаш и јас и министрите ги повикуваме институциите да работат во рамки на своите надлежности и да ги спроведуваат законите на територијата на државата без разлика на кого се однесуваат тие закони, заклучи Ковачевски.
Ексклузивно: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се канонизираше во светец Софија го прогласи за Бугарин