Ексклузивно: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се канонизираше во светец Софија го прогласи за Бугарин

ФОТО, принтскрин Википедиија : Кирил Пејчиновиќ Лешочки на англиската верзија на Википедија е впишан како Бугарин

Додека македонските институции немо ги следат случувањата во домашната јавност околу отворањето на бугарските здруженија со контрадикторни имиња и немаат речиси никаков механизам да се справат со истите, бугарските ботови на интернет за разлика од македонската држава не уморно работат.

Имено, на денот кога Кирил Пејчиновиќ беше прогласен за светец од страна на поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г. г. Стефан во Преподобен Св. Кирил Лешочки во саботата, бугарските компјутерџии атакуваа на интернет енциклопедијата Википедија. Оваа најнова етапа на безмилосна бугаризација го зафати и идниот македонски светец Кирил Пејчиновиќ прогласувајќи го за бугарска верска фигура.

Во информациите објавени од бугарските интернет ботови на англиската верзија на Википедија која сега е насилно изменета, стои и дека тој е основоположник на модерната Бугарија и дека е една од историските личности кои низ времето се занимавале со промовирање и на раната бугарска ренесанса. На Википедија исто така стои запишано дека Пејчиновиќ го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на бугарски јазик во скопл на неговата татковина Бугарија.

Коментирајќи ги овие случувања екслузивно за „Слободен Печат“ Александар Пејчиновски кој всушност директен потомок на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ вели дека тој е згрозен од оваа работа кој како што вели тој ја дознал по разговорите со своите пријатели.

– Информацијата ја разбрав од блиските пријатели. Мојата реакција како и што всушност беше и нивната беше зачудувачка и непријатна. Тоа е така бидејќи овој атак врз делото на Кирил Пејчиновиќ дојде во моменти кога во Лешочкиот манастир со богослужба, со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ се одвиваше процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Едноставно кратко речено сум згрозен од самиот чин – посочува Пејчиновски.

Проф. Борис Момировски, Александар Пејчиновски и Милена Илевска од Лешокиот манастир Св. Атанасиј

Александар во исто време прашува дали нешто македонските институции планираат да превземат.

– Едно сум убеден и знам а тоа е дека чукун-чукун дедо ми Пејчиновиќ со своите проповеди и писанија, па и со својата севкупна дејност се истакнал во преродбенскиот период во времето кога на нашиот народ му требала поука како да го љуби Бога, како да ги сака луѓето и зошто треба да ги чува своето писмо и својот јазик македонски. Тој бил Македонец кој живеел и творел во времето кога оваа земја била под управување на некои други држави но неговото чуство за припадност на македонската нација никогаш не го напуштило – додава Пејчиновски.

Ваков атак на македонските историски личности кои се идентитетски поврзани со македонскиот народ не е прв случај. Онлајн енциклопедиите се под постојани напади односно насилни менувања на содржите во нив каде се пишува за Македонија, македонските дејци историски личности и слично.

Инаку, со свечена академија, одржана на платото пред Музејот на тетовскиот крај,викендов беше одбележана 250-годишнината од раѓањето на македонскиот просветител, народен творец и учител и возобновител на Лешочкиот манастир, игуменот Кирил Пејчиновиќ-Тетоец.

Настанот беше во организација на Комисијата за односи меѓу верски заедници и религиозни групи, а присуствуваа бројни гости од Македонската православна црква, предводени од архиепископот г. г. Стефан, пратеници во Собранието, личности од науката и образованието и голем број жители на Тетово и околните места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот