Писателката и сценаристка Дора Шустиќ престојува на книжевна резиденција во Скопје

Дора Шустиќ

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во првата половина од април престојува Дора Шустиќ.

Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментално работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти.

Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик. Нејзиниот дебитантски роман „Пци“, објавен во 2023 година, беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „Т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“.

На двонеделната книжевна резиденција во Скопје, Дора Шустиќ ќе работи на својот втор роман. Бидејќи во овој момент нејзиниот интерес е насочен на кореспонденцијата и како тема и како книжевна форма, во текот на својот престој ќе истражува разни епистоларни текстови.

Резиденцијалниот престој на Дора Шустиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот