Фото: Радио Слободна Европа / скриншот

Пиротехничар цела недела сам откопува 1.000 стари гранати во Битола, во цела држава останале само двајца

Пиротехничарот Ѓорги Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) повеќе од една недела сам ги откопува гранатите од Првата светска војна кои беа пронајдени при копање на приватна парцела кај битолската касарна, пишува „СДК.мк“. Откриени се преку 1.000 минофрлачки гранати, рачни бомби и други експлозивни средства.

Стефанов вели дека има уште голема количина која треба да се откопа, но прво треба да се уништат ископаните, а за целата акција тој нема никаква помош – во Македонија останале само уште двајца пиротехничари, кои мора да ја покријат цела територија во зависност од повиците за откопување бомби што ги добиваат. Претходно имаше обуки од американски експерти, но со укинувањето на помошта и фондовите од САД, обуките се укинале. Во меѓувреме, дел од пиротехничарите се пензионирале, пишува порталот.

Во ноември 2021 година, од ДЗС алармира дека за три години државата ќе остане без пиротехничар ако не се вработат млади кадри. Тогаш во целата држава имаше седум пиротехничари за отстранување неексплодирани убојни средства, од кои најмладиот беше 50-годишник, највозрасните беа на 66 години и одамна за пензија, но го продолжуваа работниот век оти немаше кој да ги замени. Во повеќето држави, пиротехничарот завршува со работа на 55 години.

‘Рѓосана авионска бомба е најдена на улица „Нов Белград“ во Кавадарци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот