Пирло бара итна реакција од Јувентус, на повидок размена со Баерн

фото: facebook.com/Juventus/

Во Јувентус се уште се надеваат дека Луис Суарез ќе се премисли, нема да влегува во „војна“ со Барселона и ќе потпише договор со италијанскиот шампион по што ќе се започне со реализација и на останатите трансфери.

Резервна опција доколку не пристигне Суарез е Един Џеко од Рома кој веќе ги има договорено личните услови со „старата дама“ и тој трансфер би се реализирал наредниот викенд.

Но, тренерот Андреа Пирло бара од управата да реагира итно и да му донесе нов играч во средниот ред. На последниот контролен натпревар Јувентус со 5:0 ја совлада Новара, а како напаѓач играше Кристијано Роналдо, со што се намалуваат опциите во средниот ред.

Тијаго Алкантара/EPA-EFE/ANDREAS SCHAAD

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус сака да направи размена со Баерн Минхен за да го освежат средниот ред. Дел од медиумите во Италија објавија дека се направени првични контакти со германскиот тим и планот на челниците на Јувентус е да го вратат Даглас Кошта назад во Баерн Минхен во замена за Тијаго Алкантара.

Даглас Кошта/EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Проблем за Јувентус во реализација на оваа размена и тоа што Кошта при заминувањето од Баерн Минхен во Јувентус, не се раздели „пријателски“ со челниците на германскиот тим и поради тоа шансите да се реализира оваа размена не се големи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот