Фото: ГРК Охрид

Пилиповиќ: Ништо не е готово, во Атина беше само „првото полувреме“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид славеше со пет голови разлика во Атина против Олимпијакос во првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европскиот куп пред реваншот за шест дена пред своите домашни навивачи.

Моментно третопласираниот тим во македонското првенство славеше победа на гостински терен со 31:26 (15:10) и со тоа се приближи до полуфиналето, каде што доколку го елиминира грчкиот претставник ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Целје Пивоварна Лашко и Бузау, а таму Словенците по првите 60 минути имаат предност од 41:32.

Еден од најзаслужните за триумфот беше и голманот на ГРК Охрид, хрватскиот интернационалец Кристијан Пилиповиќ запишувајќи 16 одбрани.

-Честитки до мојата екипа. Машки, ненормално, влеговме во овој натпревар. Не покажавме почит, на нивните навивачи, на нивниот терен, и тоа е многу важно во вакви европски натпревари. Многу сум задоволен како го одигравме овој меч и сите можеме да бидеме горди. Но, ништо не е готово, ова е само „прво полувреме“, Олимпијакос е многу квалитетна екипа. Мора да бидеме 120% подготвени за да можеме повторно да направиме позитивен резултат за нас. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во сала, да бидат нашиот „осми играч“, потребна ни е нивната поддршка на патот заедно да се пласираме во полуфинале – рече Пилиповиќ по мечот во Атина.

Играчите на тренерот Борис Ројевиќ имаат убава шанса да се најдат меѓу најдобрите четири екипи сезонава во ова клупско натпреварување.

ГРК Охрид ќе има огромна поддршка од своите навивачи во СРЦ „Билјанини Извори“ на реваншот закажан за 4 април од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот