Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид го совлада Олимпијакос и е блиску до пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп

Денеска во првиот натпревар од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп одигран во Атина, ракометарите на Охрид славеа со 31:26 над Олимпијакос.

После првото полувреме македонскиот претставник имаше предност од пет голови разлика (15:10).

Во текот на првите 30 минути играчите на тренерот Борис Ројевиќ имаа и позитива од шест голови (14:8).

Охриѓани во текот на вториот дел воглавно одржуваа водство од четири-пет голови и на крајот успеаја да дојдат до голем и важен триумф.

Во редовите на ГРК Охрид најефикасни по седум погодоци беа Иванковиќ и Лиапис, а по четири имаа Стрмлјан и Прибетиќ. Значаен придонес имаше и голманот Пилиповиќ со 16 одбрани. На спротивната страна најрасположен беше Савас со 14 погодоци.

ГРК Охрид е блиску до историски пласман во полуфиналето на клупското натпреварување, ваквиот добар резултат и игра треба да го потврди на реваншот кој е закажан за 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот