Фото: Архива

Пилешкото филе поскапо од телешкото месо во Босна и Херцеговина

Килограм пилешко филе во месарниците и маркетите низ Босна и Херцеговина достигна цена од 16 конвертибилни марки (8,18 евра) за килограм, во зависност од пазарот.

Велибор Поповиќ, претседател на Управниот одбор на Здружението на одгледувачи на кокошки на Република Српска и директор на „Перутнина Птуј“ од Српц, во интервју за „Независне новине“ истакнува дека цените на пилешкото се стабилни подолго време, барем кај нив, пишува Пословни дневник.

„Големопродажната цена на пилешкото филе се движи од 11 до 11,50 км со вклучен ДДВ“, вели Поповиќ. Тој посочува дека компанијата нема проблеми со недостигот на ова месо и дека годинава имаат поголемо производство од лани за 15 проценти.

Цените ќе останат на сегашното ниво бидејќи ништо значајно не се случува на пазарот на суровини“, рече Поповиќ.

„Но, што се однесува до цените за следната година, тие ќе зависат од реколтата на соја и пченка, така што последниот квартал од оваа година е подготовка за следната година, а во зависност од културите и приносот на житото, можеме да планираме за следната година “, рече Поповиќ.

Един Јабанџиќ, претседател на Координативниот одбор на одгледувачи на кокошки на Босна и Херцеговина и извршен директор на компанијата „Мади“ од Тешњ, изјави дека е невозможно да се одвојат пазарите на ФБиХ и Република Српска и дека цените се идентични.

„Редовно го снабдуваме пазарот на Федерацијата и Република Српска. Тоа се цените кои се актуелни, се движат од 11 до 11,50 км, максималните цени кои се од производителот до трговските синџири“, рече Јабанџиќ и потенцираше дека во наредниот период не треба да има скок на цените.

Муриса Мариќ, извршен директор на Здружението за заштита на потрошувачите „Дон“ Приједор, рече дека пилешкото порано било најевтиното месо кое било достапно за сите потрошувачи.

„Денес килограм филе е поскапо од килограм телешко“, рече Мариќ и додаде дека цената на ова месо е зголемена до тој степен што излегува дека производството на пилешко е најскапо, додека во пракса според него тоа е најевтино.

Тој додава дека дел од населението е загрозен од ваквите цени и не може да си дозволи ни половина килограм пилешко месо неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот