Пијан полицаец вперил пиштол на српски кошаркарски репрезентативец
Сериозен инцидент се случи во Репубика Српска.
Пијан полицаец кој бил на должност, вперил пиштол кон српскиот кошаркар, Мирослав
Радуљица, пишува „Српска инфо“.
Препорачано
Кошаркарот успеал да му го одземе оружјето на полицаецот, а потоа во инцидентот наводно интервенирал уште еден полицаец, кој е познат по своето несоодветно однесување.
Поголем инцидент спречиле специјалните единици кои го уапсиле инспекторот С.Ш.. Апсењето на инспекторот го објави и полициската управа во Мркоњиќ Град, без да открие премногу детали за овој случај. Исто така тие посочија дека С.Ш. е осомничен за загрозување на безбедноста.
Радуљица бил во присуство на свои роднини кога инспекторот С.Ш. му пришол на кошаркарот и побарал да се фотографира со него. Радуљица тоа го одби, по што инспекторот предизвика сериозен инцидент и направи скандал, пишува „Српска инфо“.
Според медиумот, Радуљица не се исплашил и му го одзел пиштолот по што во конфликтот се вклучи и друг инспектор, кој беше во друштво на С.Ш и тој го нападнал роднината на кошаркарот. Тогап интервенирале припадниците на специјалните единици ги уапсија пијаните колеги.
Мирослав Радуљица поради повреда не е дел од српската репрезентација на квалификацискиот турнир за пласма на ОИ кој се игра во Белгад.


