Пиеле шејк во познат ресторан, па завршиле во болница: Полицајци од Њујорк отруени со белило?

Полиција/ Фото: Профимедиа

Три полицајци се разболеа и итно се префрлени во болница откако во ресторан за брза храна во Њујорк испиле пијалок за кој се верува дека бил контаминиран со белило.

Полицијата на Њујорк соопштила дека службениците се префрлени во болница по консумација на непозната супстанца во ресторанот „Шејк шак“ и дека истрагата е во тек.

– За време на оброкот, полицајците сфатиле дека во нивните пијалоци има отровна супстанца, за која се верува дека е белило, се истакнува во соопштението. Ниту еден од полицајците не е во животна опасност.

Полицајците требале да ги следат најавените протести во Менхетн.

Како и останатите американски градови, и Њујорк се соочува со секојдневни протести од 25 мај кога под полициски надзор беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот