Пие човечка крв, избегнува светлина и работи од 9 до 17: Тврди дека е вампир стар 600 години (ФОТО)

инстаграм

Лилит Вампир (27) од Лондон тврди дека е вампир стар 600 години, па така таа избегнува сончева светлина и пие крв.

Поради необичниот начин на живот таа собрала повеќе од 150.000 следбеници на Инстаграм. Иако има сосема обична работа, Лилит се посветила на тоа да живее „вампирски“ живот, односно се придржува до одредени правила на однесување, па така таа избегнува директно сонце и сончева светлина и тврди дека најмногу енергија има во текот на ноќта. Нејзината воодушевеност од вампирите започнала додека таа била девојче, па така започнала да гледа филмови и да чита книги за вампири.

инстаграм

„Прво го запознав ваквиот живот кога го гледав Дракула и тогаш ме воодушевија овие мистични битија. Сакав се што е поврзано со вампирите, а тоа ми помогна да пронајдам и други луѓе како мене… Најдобро се чувствувам на самрак“, раскажа таа.

инстаграм

Таа верува дека станала вампир на 18 години, но тогаш не била целосно свесна за тоа. Сега го сфатила својот „реален“ живот и започнала така и да се однесува. Таа не само што изгледа како вампир од раните книги и филмови, туку призна и дека пие човечка крв. Таа откри дека крвта ја добива од луѓето кои размислуваат исто како и таа и дека таа личност никогаш не е во опасност како во филмовите.

инстаграм

„Првпат пробав човечка крв од љубопитност. Имаше вкус на железо, како бакар. Но вкусот е различен на секоја крв. Правиме пресек на неприметен дел од телото и оттука ја добиваме крвта. Тоа се главно мои пријатели или луѓето кои сум ги запознала преку мојот животен стил. Не ми е потребна голема количина на крв, се е всушност во самиот чин, многу е интимен“, наведува Лилит.

Оваа девојка всушност верува дека има 600 години, а тврди и дека чувствува голема поврзаност со минатото.

инстаграм

„Понекогаш се чувствувам престаро. Секогаш ме интересирала историјата и можам да кажам дека оттогаш многу работи се променија, но претходнииот свет ми е познат, како да сум живеела во него“ објасни таа и откри дека во својот животен стил вистински ужива.

инстаграм

Најмногу и се допаѓа чувството на слобода и моќ, но и дружењата со „други вампири“. За неа овој живот е клуч за личното напредување, но и за сфаќањето на човековиот вид и животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот