2 C
Скопје

Петтиот пакет доаѓа во февруари, четвртиот остана полузаглавен во Собранието

Мерките од петтиот пакет за помош на домашната економија и на граѓаните во ковид-кризата ќе бидат донесени во февруари, најави премиерот Зоран Заев. Тоа е добра вест и за стопанството и за населението, но песимизам внесува досегашната реализација на четирите економските пакети.

Последен податок што на средината од октомври го откри опозицијата е дека од трите први пакети за кои беа издвоени 550 милиони евра, реализирани се 33 отсто. Во четвртиот пакет постојат повеќе мерки, но дел од нив воопшто не се преточија во законско решение, односно заглавија во Собранието и затоа не може да се спроведат.

„Слободен печат“ анализира што досега се исполни од четвртиот пакет на мерки. Првата мерка е исплата на финансиска поддршка за плати. Владата го префрли парите за октомвриската и за ноемвриската плата, но реализацијата за дел од работниците заглави кај работодавачите, кои и покрај сите најави за кривични пријави, си ги задржаа парите за себе.

Прочитајте и...  Фетаи: Момчињата и рибарот се убиени кај Смилковско Езеро, се друго е научна фантастика

Во однос на втората мерка – исплата на пари на трансакциски сметки на одредени групи граѓани, Владата префрли 27,6 милиони евра за 283.000 граѓани, но „операцијата“ заврши со речиси 70.000 приговори и засега само мал дел со позитивен одговор.

Што се однесува до бескаматните кредити и до продолжувањето на грејс-периодот од првата линија, за овие мерки имаше објавено јавни повици.

Околу објавувањето на повикот за грантови за туристичките агенции, игротеките, рестораните за свадби, ноќните клубови, туристичките водичи, како и за поврат на туристичка такса, тој јавен повик осамна на страницата на Владата со кус рок за пријавување од само два дена, иако се бараше обемна документација, за да веднаш утредента министерот за економија Крешник Бектеши го објави продолжувањето на рокот до крајот на минатата година. Така, оваа мерка допрва треба да се спроведе.

Во четвртиот сет мерки беа најавени и намалувања, или укинувања на одредени парафискални давачки, но за секоја од нив треба законски измени, а такви сѐ уште нема. Се најави и формирање на стапката за ДДВ за ресторански услуги и служење храна и пијалаци, со која овие услуги ќе се даночат со нова повластена стапка на ДДВ од 10 проценти наместо сегашната редовна стапка од 18 проценти. Но, за да се случи ова, треба измени во Законот за додадена вредност. Нема законска регулатива ни за Државна кредитна гаранција. За оваа мерка државата стави на располагање 10 милиони евра финансиски средства за поддршка на компаниите за полесен пристап до евтини финансиски средства, преку преземање дел од кредитниот ризик.

Прочитајте и...  Коронавирусот одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна

Во реализираните мерки спаѓа и „Викенд без ДДВ“, но кој ги даде далеку од очекуваните ефекти – Владата прогнозираше дека со оваа мерка ќе се вратат 17 милиони евра во џебот на граѓаните, а се вратија околу 1 милион евра.

Од четвртиот пакет, помош може да очекуваат лозарите – за нив се изгласаа законски измени со кои ќе добијат дополнителни пари за оние што го предале своето грозје кај регистрирани винарски визби.

Всушност, списокот на мерки од четвртиот пакет е долг. Ги има 31. Но, јасно е дека од овој пакет има уште многу да се реализира. Ова го забележуваат и економските експерти, па главната економистка на Институтот за економски политики и истражувања „Фајненс тинк“, Благица Петрески, во интервјуто за „Стандард“ изјави дека не е јасно зошто Владата брза со петтиот пакет, кога четвртиот не е реализиран. Таа нагласи дека е важно и во периодот јануари-март да се продолжи со мерката за поддршка на плати и дека треба да се остварат нереализираните мерки, особено оние што се поврзани со развојниот потенцијал на економијата.

Прочитајте и...  Занаетчиите со барање: Да бидеме опфатени со петтиот пакет антикризни мерки

Поврзани вести

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Двоен бомбашки напад во Ирак, најмалку 28 загинати

И.И.

Силен земјотрес регистриран во близина на Филипини

Слободен печат

Осма градинка од 30 август: Тетовско Камењане доби катче за најмладите со капацитет за 87 деца

Слободен печат

Во прелиминарните контакти со Турција, Грција ќе разговара само за Ексклузивната економска зона и континенталниот гребен

Слободен печат

Собранискиот спикер Џафери го прими австрискиот амбасадор Вуцас: Силна поддршка за спроведување на реформите

Слободен печат

Белгија бара забрана за несуштинските патувања на ниво на цела ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар