Петмина Срби уапсени во Косово за воени злосторства од 1999 година
Косовската полиција синоќа уапси петмина Срби поради сомневање дека извршиле воени злосторства во селото Рачак во 1999 година, објави „Еуроњуз“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Претставници на Специјалното обвинителство во Приштина денеска на прес-конференција, по апсењето на петмина Срби од Штрпце и од Гнилане, изнесоа тврдења дека уапсените се поранешни припадници на МВР на Србија и дека наводно учествувале во полициската акција во Рачак во јануари 1999 година.
Директорот на дирекцијата за истрага на воени злосторства, Башким Спахија, наведе дека се уапсени Н.Б, С.Ј, Б.П, С.Н. и С.С, и додаде дека шестиот осомничен не е пронајден на адреса во Штрпце.
Одговарајќи на прашањето како дури по 27 години се дошло до докази против лица кои цело време живеат на Косово и Метохија, обвинителот Илјир Морина рече дека правдата се носи кога има докази и додаде дека уапсените се идентификувани врз основа на две видеоснимки.
Канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија истакна дека станува збор за луѓе кои со години живеат на просторот на Косово и не ги напуштале своите домови, бидејќи немале од што да се кријат ниту да бегаат.
Обвинителството во Приштина во декември минатата година подигна обвинение во отсуство против 21 осомничен за наводно воено злосторство против цивилното население во Рачак за време на конфликтите на Косово и Метохија во 1999 година.
Тие се обвинети за наводно убиство на 42 цивили.
Американскиот амбасадор во Косово: Никој не смее да го негира масакрот во Рачак


