Петте манипулатори меѓу хороскопските знаци: Справувањето со нив може да ве натера да го изгубите умот

Фото: Профимедиа

Секој човек има способност да манипулира со другите за да ги добие работите што ги сака. Можеби некогаш не сте свесни дека манипулирате со некого или пак, знаете што точно правите. Некои луѓе лесно се манипулираат, додека други имаат поголем отпор.

Ова се петте најманипулативни хороскопски знаци во астрологијата и нивните особини:

Близнаци

Најманипулативното нешто што го прават Близнаците е да ја развлечат вистината, со други зборови, тие добро лажат. Можат лесно да го рационализираат своето лажење, велејќи дека тоа е за поголемо добро и дека немаат други опции. Но, честопати свесно ја користат лагата како начин да манипулираат со другите. Можат да ветат дека ќе направат нешто, иако немаат никаква намера да го направат тоа.

Скорпија

Најманипулативната карактеристика на една Скорпија е да направи ситуација во која ќе изгледа како им е направена голема неправда и да бара лојалност без разлика на се’. Може лесно да ги изгубите од вашиот живот ако не се согласувате со нив. Сите тајни што сте ги довериле на некоја Скорпија во минатото, тие лесно би можеле да ги споделат во јавноста.

Јарец

Најманипулативната работа што ја прави Јарецот, е да ги прави луѓето да се чувствуваат неспособни, со цел да го преземе водството. Јарецот го користи своето знаење и умешност како начин да ги убеди другите да прават тоа што тој сака. Без разлика дали некој се чувствува способен и силен, и му се спротивставува на Јарецот, тој ќе најде начин да ја поткопа довербата и ќе проба да манипулира со него.

Лав

Најманипулативната работа што ја прави Лавот е да го минимизира своето однесување, со тоа што ќе се однесува невино. Лавовите се всушност самоуверени, па нивното его ги тера да прават работи кои можат да имаат негативни последици за другите. Ако, Лавот направи нешто што е победа за нив, а загуба за некој друг, тие ќе ја завртат работата во своја полза, за да звучи корисно за двете страни.

Риби

Најманипулативното нешто што го прави Рибата, е да не презема одговорност за своите постапки. Се однесуваат како тие да не се виновни за ситуацијата што се случила или што некој се вознемирил поради нив. Понекогаш создаваат впечаток дека не мора да имаат никаква одговорност, бидејќи се сметаат за креативни и посебни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот