Петровиќ: Скокот катастрофа, во вториот дел бевме тотално без енергија

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ/фото: MZT Skopje Aerodrom/Danail Petrovic

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и петтиот пораз сезонава во АБА лигата откако на домашен терен загуби од црногорскиот Морнар Бар со 77:94.

Македонските шампиони добро го започнаа натпреварот, но не ја задржаа предност, одиграа полошо во понатамошниот период, а тоа го искористија Црногорците на најдобар можен начин.

Тренерот на МЗТ, Алесандар Петровиќ е разочаран, главната причина за поразот ја гледа скокот во чиј сегмент доминираше гостинот.

– Го гледам поразот во скокот, противникот имаше доста офанзивни скокови, 12. Од тие скокови реализираа многу отворени шутеви, во третата четвртина беше 52:53, мислам дека три минути на тој резултат се кршеше кој да победи. Не реализиравме некои контранапади, фрлавме топки во аут. Наместо да реализираме „два на еден“ контра, отидоа топки во аут. Безпотребно нè фати некоја паника, без идеја.

Ривалот знаеше што сака, нивните двајца главни плејмејкери Расел и Михаиловиќ, нормално, ја држеа топката во свои раце и кога требаше погодуваа и делеа асистенции. Денеска нашиот скок беше катастрофа и тука го загубивме мечот. Морнар имаше 15 скокови повеќе од нас, штета навистина, имавме добар старт. Ова е силна лига, но МЗТ нема да се предаде и гледаме напред. Ќе биде тешко, мора многу да работиме. Во второто полувреме видовте како мојот тим беше тотално без енергија – рече Петровиќ по мечот со Морнар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот