Петрески: Помошта преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во голема мера неефективна

скопје луѓе ресторани кафичи угосители кафани
Бизнис конфедерација на Македонија (БКМ), започна со дигитализација на своето работење преку основање на /за бизнис поддршка на компаниите/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Доделената државна помош преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите во голема мера била неефективна. Односно кај мерени 12 исходи постои позитивен резултат само кај вработеноста. Спротивно на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, помошта што се доделува преку Планот за економски раст, преку ФИТР е главно ефективна.

Тоа го истакна професор Марјан Петрески од Универзитет Американ колеџ Скопје на денешниот економски форум „Дали субвенциите создаваат подобри претпријатија? Или подобрите претпријатија добиваат повеќе субвенции?”, во организација на Институтот за економски политики Фајнанс тинк, на кој беа презентирани резултатите од импкт евалуацијата на ефектите од државната помош на мерките од Планот за економски раст.

Тој наведе дека спроведените истражувања покажале дека доделената државна помош придонела за одредено зголемување на бројот на работни места кај примателите на таа државна помош, додека кај сите останати индикатори, како што рече, не постојат резултати, значи тие не се негативни, меѓутоа отсуствуваат.

– Она што се зборува низ јавниот дискурс за како фирмите ја добиле таа државна помош функционираат добро и имаат позитивни резултати, главно се препишува на инвестицијата којашто тие ја направиле во годината пред да ја добијат доделената државна помош, додека ефектот од помошта е само овој кој што го спомнав, додаде Петрески.

Тој посочи дека спротивно на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, помошта којашто се доделува преку планот за економски раст, преку ФИТР е главно ефективна. Таму, како што рече, кај поголем дел од индикаторите имаме позитивни резултатити коишто се препишуваат на доделената државна помош.

– Тие индикатори се поголема продажба, поголема продуктивност на трудот, поголем профит, подобра ликвидност, поголем пазарен удел. Сите тие резултати јасно се препишуваат на доделените грантови преку програмата, истакна Петрески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот