Петков: Бугарија им даде писменост на другите словенски народи, ги ослободи од незнаењето
Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, го честита денешниот државен празник во Бугарија „24 мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.
Препорачано
„Бугарија е ослободител од незнаењето на словенските народи. Кирилицата е азбука која ја претвора Бугарија во основоположник, а бугарскиот јазик во основа на сите словенски јазици. Кога другите земји, вклучително и Русија, немаат јасни историски податоци за сопствената писменост пред глаголицата и кирилицата, ние им дадовме писменост како основа на нивната култура! Ова е повод за вистинска гордост за секој Бугарин“, порача Петков.
Тој додаде дека денес 300 милиони луѓе ширум светот користат кирилица.
„Освен во Бугарија, азбуката е официјална во Белорусија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Северна Македонија, Монголија, Црна Гора, Украина, Србија, Таџикистан и Русија. Писменоста и културата го сочувале бугарскиот идентитет низ вековите на туѓо владеење. Ако и во иднина се залагаме за Бугарија како нација на знаењето, културата и на науката, можеме да изградиме просперитетна земја која ќе си ја одреди сопствената иднина. Ова е патот кој денешниот ден ни го покажува“, напиша тој на Фејсбук.


