Дали знаете што е мини срцев удар? Пет симптоми за кои експертите велат дека најчесто се занемаруваат

Фото: Профимедиа

Кога многумина од нас ќе помислат на срцев удар, замислуваме драматична болка во градите која јасно покажува дека нешто не е во ред.

Важно е да се напомене дека Американското здружение за срце известува дека околу 805.000 Американци доживуваат срцев удар секоја година, при што околу 170.000 случаи (повеќе од 20 отсто) се случуваат како „мини срцеви удари“ или „тивки“ срцеви удари, пишува „Хелти“ (The Healthy).

Симптомите на мини срцев удар може да бидат многу посуптилни од алармантните срцеви удари кои предизвикуваат внимание и бараат итна интервенција.

Медицински, мини срцевите удари се нарекуваат тивок миокарден инфаркт или тивка исхемија.

Кардиологот д-р Лаксами Мехта вели дека „мини или тивок срцев удар може да се појави со минимални, непрепознатливи симптоми или може да биде без симптоми“.

Без оглед на нивниот помалку забележлив карактер, овие тивки епизоди не се помалку сериозни од нивните посимптоматски пандани.

Кога ќе се појават, симптомите може да варираат и да ги вклучуваат традиционалните знаци на проблеми со срцето, како што се непријатност во градите, отежнато дишење, гадење, вртоглавица и болка во вилицата.

Препознавањето дури и на најблагите знаци на мини срцев удар е од суштинско значење, бидејќи раната дијагноза и лекување се клучни за намалување на сериозните здравствени последици што може да следат по срцевиот удар.

Киселини во желудникот

Рутинскиот напад на киселини во желудникот понекогаш може да биде симптом, вели д-р Мехта.

Д-р Мајк Севиља, општ лекар, вели дека неговите клинички искуства се согласуваат со ова предупредување и истакнува дека неговите пациенти барале лекови против киселини во желудникот, а, всушност, имале мини срцеви удари.

Меѓутоа, кога овие познати лекови не ја ублажуваат непријатноста, тоа е знак дека проблемот можеби не лежи во стомакот,туку е прашање на срцето.

Чувство како да сте напнале мускул

Болката во вратот, градите или горниот дел од грбот може да изгледаат како да сте „истегнале“ мускул и не делуваат загрижувачки.

Меѓутоа, д-р Мехта и д-р Севиља предупредуваат дека не треба брзо да се отфрли таквата непријатност. Овие симптоми може да бидат знаци на мини срцев удар наместо само знаци на прекумерен напор.

Продолжен, изразен замор

Чувството на нагласен замор во текот на подолг временски период може да биде повеќе од сигнал дека напорно работите. Овој вид на длабок, непопустлив замор е симптом што многумина можеби нема веднаш да го поврзат со здравјето на срцето. Сепак, овој вид замор бара лекарска помош и не може да се лекува со сон и кофеин, вели д-р Мехта.

Кога исцрпеноста изгледа непропорционално со вашите секојдневни активности, тоа може да биде суптилен знак дека вашето тело ви вели дека нешто не е во ред.

Недостиг на зди може да биде симптом на мини срцев удар

Вообичаено е чувството на недостиг на воздух по физички напор или во текот на стрес. Меѓутоа, д-р Севиља вели дека ако ова тешкотија во дишењето не се подобри по одмор, не треба да се игнорира.

Постојаното отежнато дишење (недостиг на здив), особено кога сте имале можност да се опуштите, може да биде предупредувачки знак за мини срцев удар.

Симптоми слични на грип

Во текот на овој период од годината, речиси очекувано е дека ќе настинете и ќе ги почувствувате сите симптоми поврзани со настинката, вклучувајќи кашлање, отежнато дишење и замор.

Ако некое лице е изложено на ризик од срцеви заболувања и ги чувствува овие симптоми кои траат долго и не исчезнуваат, можеби е време да посети кардиолог, советува д-р Севиља.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот