Пет природни начини за нега на испукани усни

Фото: Пекселс/ Anna Avilova

Сувите и испукани усни најчесто се поврзуваат со зимата и ниските температури, но може да настанат и поради други фактори. Иако превенцијата е секогаш најдобрата тактика, понекогаш се појавува проблем и немаме друг избор освен да се обидеме да го решиме.

Еве 5 едноставни природни лекови за суви и испукани усни. И најдобро од сѐ, овие состојки веќе ги имате дома.

Алое вера и мед

Гелот од алое вера често се користи за изгореници, но може да направи чуда и за испукани и суви усни. Можете лесно да го најдете во продавница или да го користите гелот директно од растението ако го имате дома. Потребно е само да се откине лист, да се исече и да се извади гелот од него. Кога станува збор за медот, постојат многу студии кои покажуваат колку е одличен за заздравување на раните. Може да помогне и при хидратација на сувите усни и нежна ексфолијација. Органскиот мед е најдобар за ова, затоа потрудете се да се држите подалеку од купениот мед кој е полн со шеќер.

Користете балсами за усни кои имаат заштитен фактор

Без разлика дали е лето или зима, нанесувањето на балсам за усни со заштитен фактор 30 или повеќе е многу важно за вашите усни. Обидете се да најдете производ што содржи титаниум оксид или цинк оксид и нанесувајте регенератор на секои 2 часа ако сте предолго надвор. Запомнете дека сонцето може да ја оштети вашата кожа и усни, дури и при многу ниски температури.

Масло од авокадо

Иако многу луѓе користат масло од авокадо за готвење, тоа е одлично и како навлажнувач за усни. Не е голем алерген, па затоа е совршен за оние со чувствителна кожа кои имаат испукани усни поголемиот дел од годината. Стеролите што ги содржи ова масло ја штитат структурата на клетките на кожата и го намалуваат воспалението. Откако ќе ја изврши својата реставративна работа, вашите усни се чувствуваат меки и супер хидрирани.

Кесички зелен чај

Зелениот чај е познат по своите антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Не ги лекува испуканите усни, но ќе го намали чувството на печење на сувите усни. Едноставно ставете кесичка зелен чај во топла вода, оставете неколку минути, а потоа извадете ја. Ќе забележите дека потоа се многу подобри.

Користете мелем кој содржи пчелин восок

Пчелиниот восок има бројни антибактериски својства кои помагаат во заздравувањето на сите видови рани, вклучувајќи ги и испуканите усни. Помага при инфекции и ја стимулира кожата да почне да произведува нови клетки. Сѐ што треба да направите е да најдете добар мелем за усни кој содржи пчелин восок и да го нанесувате на усните онолку често колку што сакате во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот