Фото: Профимедиа

Пет предупредувачки знаци дека ќе ви пукне слепото црево

Со воспаление на слепото црево се соочуваат околу 5 отсто од луѓето, но она што треба да се знае е дека ако не се лекува, тоа може да пукне и да доведе до сепса – а, сепсата може да биде опасна по животот.

Еве некои предупредувачки знаци кои не треба да се игнорираат, туку треба веднаш да се побара лекарска помош:

Ако стомакот ве боли посилно од обично

Воспалението на слепото црево обично предизвикува силна болка која се протега од папокот до долната десна страна на стомакот. Иако тоа не значи дека е неопходно дека слепото црево ќе пукне, неопходно е да направите тестови за да бидете сигурни.

Некои пациенти имаат и други видови непријатности, на пример, болка при одење или при кашлање. Слепото црево може да биде и на раб на пукање или можеби веќе дошло до пукање што е мошно опасно.

Чувствувате мачнина, повраќате и немате апетит

Можеби само се борите со стомачни проблеми, па ги имате овие симптоми. Но, се чувствувате навистина непријатно, покрај тоа што имате болки, сепак, проверете го слепото црево. Воспалението на слепото црево понекогаш влијае и на други аспекти на дигестивниот тракт, како и на нервниот систем што за последица има мачнина и повраќање.

Трчате во тоалет повеќе од вообичаено

Кај некои луѓе слепото црево е поставено пониско во карлицата, така што мошне блиску е до бешиката. А, кога таа ќе дојде во контакт со воспаленото слепо црево и таа се воспалува и станува чувствителна. Како резултат на ова можно е да имате потреба почесто да одите во тоалет од обично, а самото уринирање е болно и тоа може да укажува на уринарна инфекција или во комбинација со другите наведени симптоми може да укаже на воспаление на слепо црево.

Имате треска

Треската е знак дека некаде во вашето тело постои воспаление. Ако постои воспаление, телото реагира со отпуштање на неколку хемикалии за да ги поттикне клетките да се изборат со воспалението. Ако имате болка во стомакот или ако треската се влошува, консултирајте се со лекар.

Не сте присебни

Ако сте збунети и дезориентирани, тоа може да значи дека инфекцијата се влошува. Може да дојде и до сепса, доколку дојде до пукање на слепото црево што може да биде фатално. Како што се шири инфекцијата се троши кислород, кој му е неопходен на мозокот, а како резултат на неговиот недостаток доаѓа до конфузија и состојба на збунетост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот