Пет хороскопски знаци кои имаат најмногу неуспешни врски: Брзо се „палат“, но уште побрзо се ладат

Пар кавга изневерување
Кавга меѓу љубовен пар / Фото: Pexels/Vera Arsic

Сите го знаеме тоа чувство кога се вљубуваме, мислејќи дека сме го нашле „оној или онаа вистинскиот/та“, за на крајот да се најдеме во низата неуспешни врски. Но, дали знаете дека некои хороскопски знаци имаат поголеми шанси за такви љубовни заплеткувања? Овие хороскопски знаци го носат товарот на најнеуспешните врски.

Близнаци

Близнаците се како жив оган, брзо се палат, но исто толку брзо и се ладат. Нивната потреба за постојана промена и возбуда може да доведе до неверојатно возбудливи почетоци во врските, но и до брзо ладење и крах на врската. Нивната тенденција постојано да бараат новина и авантури може да резултира со нестабилност и неможност да се посветат на долготрајна врска.

Рак

Раковите се емотивни, но тоа може да биде и нивна најголема слабост. Нивната склоност кон длабоки емоции може да ги доведе до пребрзо вљубување и до премногу големи очекувања од врската. Кога работите не одат според планираното, Раковите можат да станат премногу емотивни и да се повлечат во својата школка, односно оклоп, оставајќи го партнерот збунет и фрустриран.

Вага

Вагите се мајстори за компромиси и рамнотежа, но ова може да биде и нивната најголема замка. Нивната потреба да одржуваат мир и хармонија во врската може да ги доведе до тоа да ги занемарат сопствените потреби и желби. Кога се чувствуваат незадоволно или невидливо, Вагите лесно можат да се слизнат во низата неуспешни врски во коишто се чувствуваат како секогаш да се на второто место.

Стрелец

Стрелците се авантуристи во душата, секогаш барајќи нови стимули и слобода. Нивната независна природа може да ги доведе во врски кои на почетокот се возбудливи, но брзо се претвораат во рутина и здодевност. Нивната потреба за слобода може да ги доведе до тоа да се чувствуваат заробени во врската, што често резултира со дисхармонија, несклад и неуспех.

Риби

Рибите се интуитивни, но нивната тенденција да ги идеализираат своите партнери може да ги доведе до врски кои се изградени на илузии и нестабилни темели. Кога реалноста ќе се судри со нивните соништа, Рибите може да бидат изгубени и да талкаат од врска до врска во потрага по совршенството што никогаш нема да го пронајдат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот