Плакат за настанот на „Поетроника“

Песните на Ацо Шопов се новата инспирација за поетско-музички сет на „Поетроника“

Поетско-музичкото дуо „Поетроника“ (Андреја Салпе и Оливер Митковски) ќе настапат со нови музичко-поетски аранжмани инспирирани исклучиво од делата на Ацо Шопов.

Изведбата на настанот „Поетроника: Звук од там-там (кон Ацо Шопов)“ ќе се одржи на 30 декември, со почеток во 20 часот, во алтернативен простор – фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) – во пријатна, предновогодишна атмосфера.

Во фоајето ќе бидат изложени и банери со стихови, цитати, исечоци од весници, корици на книги, фотографии и уметнички портрети на нашиот поет.

Настанот е поддржан од Фондацијата „Ацо Шопов“. Времетраењето на поетско-музичкиот сет е 80 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот