Песков: Путин има доволна количина антитела

EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Благодарение на вакцинацијата, рускиот претседател Владимир Путин има доволна количина антитела за заштита од инфекција со коронавирусот, објави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ве уверуваме дека претседателот енергично ги извршува своите должности и дека вакцинацијата, која навистина имаше позитивен ефект, резултираше со соодветно ниво на заштитни антитела“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Во јуни, Путин објави дека ја примил вакцината против коронавирусот од домашно производство Спутник В, а Кремљ претходно објави дека Путин ја примил вакцината со две дози во март и април, но тој не даде никакви детали, ниту објави фотографии на неговата вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот