Пештанци фатени со мрежите и рибите во криволов, едниот лажел дека му го украле кајчето

Фото: Wikimedia / Македонец

Двајца жители на охридското село Пештани добија кривична пријава за незаконит риболов, откако биле фатени како излегуваат од езерото со мрежи и риби, а едниот од нив следниот ден лажно пријавил дека некој му го украл кајчето, велат од полицијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.В.(61) од село Пештани, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „незаконит риболов” и „лажно пријавување на кривично дело” и против Г.М.(50) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов”. На 02.07.2022 во село Пештани, полициски службеници ги затекнале пријавените како со пловен објект излегуваат од Охридското Езеро, а при извршениот преглед пронашле и одзеле четири рибарски мрежи и повеќе парчиња риба. Исто така, првопријавениот, на 03.07.2022 лажно пријавил кривично дело „кражба”, изјавувајќи дека неговото кајче е украдено“, се вели во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот