Пешев: Одиме пред Уставен и очекуваме Законот за солидарниот данок да биде повлечен

Фото: ТВ24/принтскрин

Според извршниот директор на СКСМ, спорно е што законот е ретрограден, дека не е принципиелен и се однесува само на одредени компании, а не се исполнети и целите за кои е наменет

Правните тимови на Стопанската комора на Македонија веќе сигнализирале дека многу точки од Законот за солидарниот данок „лебдат во воздух“, откри Антони Пешев, извршен директор на СКСМ. Тој е дециден дека законот ќе биде оспорен пред Уставниот суд и очекува да ќе биде повлечен. Според извршниот директор на СКСМ, спорно е што законот е ретрограден, дека не е принципиелен и се однесува само на одредени компании, а не се исполнети и целите за кои е наменет.

-Како ќе им ги земете парите на компании кои се со странски инвеститори и кои веќе ја распределиле добивката? Тоа ќе претставува и голем товар за компаниите бидејќи средствата што ги стекнале порано, компаниите веќе ги имаат инвестирано, што значи дека овој закон ќе ги стави во лоша положба во следните години, компаниите опфатени со законот. Очекуваме дека законот ќе биде повлечен – додаде Пешев. И од Сојузот на стопански комори сметаат дека со Законот за солидарен данок се дава еден многу погрешен сигнал и уште еднаш ќе го разгледаат пред да одлучат дали ќе и се приклучат на Стопанската комора во негово оспорување пред Уставниот суд или ќе поединечно ќе реагираат.

Минатата недела министерот за економија Крешник Бектеши, рече дека е „одлична идејата законот да биде оспорен“.

-Одлично. Треба да одат во Уставен суд и во другите надлежни институции. Затоа сме држава и сме ги граделе овие институции. И највисоката инстанца, како Управниот суд или други надлежни институции, ако донесе спротивна одлука на таа што ја донеле пратениците, секако дека ние имаме обврска да ја почитуваме. Но, ние сметаме дека тоа законско решение предложено од Владата и усвоено од парламентарното мнозинство, е во согласност со законските одредби во државата – рече Бектеши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот