Пешачките премини во Тетово или ги нема или се избледени, а на нив се паркираат и возила

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Со години во Тетово не може да се забележи пешачки премин кој ги исполнува сообраќајните норми. На фотографиите подолу се гледа како еден пешачки премин лоциран кај Основното училиште Братство Миѓени е целосно избледен, ниту возачите ниту пешаците не можат да утврдат каде точно треба да застанат со возилото, односно да поминат пеш.

Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски
Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Но и вертикалната како и хоризонталната сигнализација во Тетово е во лоша состојба. Нема сообраќајна култура, возила се паркираат на тротоари, на пешачки премини нарушувајќи ја безбедноста на пешаците.

Со цел превенирање на ваквите несакани појави, Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот започна едукативни активности на терен во соработка со СВР Тетово, а во која беа вклучени ученици од основните училишта.

„Сите сме сведоци дека бројот на возила енормно расте и сите граѓани се загрозени од сообраќајот, особено децата. И ние како Општински совет за безбедност на патниот сообраќај во соработка со полицијата презедовме иницијатива да организираме проект со малите дечиња. Ќе бидат опфатени сите училишта од Тетово. Денеска имавме две групи. Ќе продолжиме со ваквите активности. Целта е да стекнеме самодоверба кај децата. Децата од осмо и деветто одделение се облекуваат во елечиња со импровизирани знаци застануваат на улица и ги стопираат возилата за помалите деца безбедно да ги поминат пешачките премини.Овој проект има за цел да се превенира, треба да бидеме сите внимателни да се почитуваат сообраќајните правила оти имаме блокирани улици, непрописно паркирани возила. Ние со овој проект ќе продолжиме да придонесуваме да ја зголемиме безбедноста“, изјави Зија Ќамили од Општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај.

Од Собраќајната полиција велат дека едукативните работилници и проекти влијаат за поголема безбедност во сообраќајот. Но без соодветна инфраструктура, и поголема свест кај возрасните со што не можеме да се пофалиме, нема да имаме безбеден сообраќај.

„Во рамки на акција на Општинскиот совет за безбедност на патниот сообаќај и ние се вклучивме како СВР Тетово Но, и инфраструктурата е лоша, не се обновени пешачките премини и таму каде што се обновени брзо избледуваат.Се паркира пред пешачки премини, пред училишта, на самите тротоари, не се внимава и не се остава простор за поминување и сето тоа создава проблеми.Сите кога доаѓаат до училиштата до пешачките премини треба да внимаваат, брзината да ја намалат. Се покриваат пешачките премини, се користат мобилни додека се вози“, рече Зоранчо Талев командир на Сообраќајната полиција Тетово.

Со години пешаците се најчеста жртва на патиштата во полошко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот