Перо Антиќ се прости од Дуда Ивковиќ: Ти благодарам за сѐ

Смртта на еден од најдобрите тренери на сите времиња, Душан Дуда Ивковиќ го потресе кошаркарскиот свет, многумина за последен пат се простуваат од великанот на европската кошарка, а меѓу нив е и Перо Антиќ.
Претседателот на кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) работеше заедно со Дуда во Олимпијакос и заедно во 2012 година триумфираа во Евролигата.
„Ти благодарам за се, „коуч“… Почивај во мир, Дуда“, напиша Антиќ на својот инстаграм-профил, крај заедничките фоторафии со трофејниот стратег.
View this post on Instagram
Душан Ивковиќ се смета за еден од најдобрите и најуспешните европски и светски тренери. Тој со селекцијата на Југославија три пати триумфира на Европските првенства, во Загреб 1989 година, во Рим 1991 и во Атина 1995 година.
Како кошаркар тој настапуваше на бековската позиција, а како тренер ги водеше екипите на Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Паниониос, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес.